(Фото) Град Скопје со експресна реакција: Каминонот неовластено се движел на плоштад, експресно ќе биде санкциониран
Несреќа се случи утринава на скопскиот плоштад кога товарно возило неовластено се движело по плоштадот Македонија.
Возилото пропадна во фонтата во центарот на градот бидејќи истата не е наменета да издржи толкав товар.

Од Град Скопје експресно реагираа потенцирајќи дека го осудуваат овој чин и ќе ги превземат сите законски мерки за приватното лице да го обештети градот.
-Приватен субјект со возило камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што е причинета штета на плочникот. Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета. Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции, се вели во реакцијата од Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…