Маж и малолетничка сакале да украдат автомобил: Полицијата ги фати на дело, а еве што друго најде кај нив
На 30.08.2022 во 04:25 часот на ул.„1511“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода Д.К.(32) од с.Шупљи камен, кумановско и малолетничка од Скопје.
Тие биле затекнати при обид да одземат патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки. Во близина на возилото бил пронајден предмет кој потекнува од друго кривично дело, а при преглед кај нив, кај малолетничката била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Лицата биле приведени во полициска станица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…