Патнички возила, автобуси и минибуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација
На 10, 11 и 12.09.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на седум моторни возила, од кои три патнички возила, три автобуси и еден минибус, кои вршеле меѓународен превоз на патници, биле констатирани прекршоци, односно непоседување на законски пропишаната документација.
Така, на Граничен премин Блаце, при контрола на автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.С.(41) од Гостивар, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
На Граничен премин Табановце, при контрола на минибус, управуван од Б.Џ.(60) од Желино, патничко возило комби „форд транзит“, управувано од В.Г.(44) од Струмица, патничко возило „опел вектра“, управувано од С.Д.(47) од Куманово, автобус управуван од С.Е.(49) од Тетово, автобус управуван од Ј.Г.(38) од Дебар и патничко возило комби управувано од Е.А.(55) од Куманово, сите со македонска национална ознака, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.
Од страна на полициските службеници и Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И тоа го има: Патници туркале расипан…
Патниците на возот на релација Пловдив –…
МВР: Возач од струмичко вршел јавен превоз…
На 07.08.2024 околу 23.20 часот во близина…
(Видео) Патниците почнале да се онесвестуваат од…
Патниците од авионот што требало да лета…
Пијан Македонец со автомобил удрил во автобус…
Во понеделникот околу 19 часот и 20…
Се отвора земјата со најстрог ковид режим: “Не сум…
Патници почнаа да пристигнуваат во Кина преку…