Објавено на:

Путин му рекол на Ердоган дека останува подготвен за преговори со Украина

t

Во разговор со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија останува подготвена за преговори со Украина, но како што се менува ситуацијата, се менуваат и нивните услови, изјави во вторникот за медиумите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Претседателот рече дека, се разбира, Русија останува подготвена да преговара, но како што се менува ситуацијата, така се менуваат и условите“, рече Песков.

Претходно турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Путин во разговор со Ердоган во Самарканд признал дека продолжување на дијалогот со Киев останува можност.

Портпаролот на Кремљ додаде дека во однос на преговорите, принципите останале непроменети. Путин побара од Ердоган да запомни дека украинската страна го напуштила преговарачкиот пат.

„Генерално, принципот останува ист, како и сите цели на специјалната воена операција. На разговорите беше констатирано и дека украинската страна целосно ја напуштила преговарачката патека. Поради оваа причина специјалната воена операција продолжува“, рече Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…