(Видео) Иранките масовно си ги сечат долгите коси, а еве и зошто

t

Фотографии на социјалните мрежи покажуваат како расплакана Иранка клечи покрај ковчегот на својот мртов брат и си ја сече косата со ножици.

Нејзините роднини повикуваат на правда додека таа ја фрла отсечената коса врз ковчегот.

Тие се простија од 36-годишниот Џавад Хејдари, кој загина минатата недела за време на еден од антивладините протести што го зафатија Иран.

Сликите како овие ги инспирираа жените ширум светот да им се придружат на Иранките кои протестираат против смртта на 22-годишната Махса Амини. Таа почина во болница на 16 септември, три дена откако моралната полиција ја уапси на улица во Техеран и ја однесе во „центар за превоспитување“.

Од Блискиот Исток, Европа и низ Соединетите Држави, жените ширум светот покажаа солидарност со маките на Иранките преку митинзи и демонстрации. Некои, исто така, си ја шишале косата или ги избричиле главите на јавно место или за време на снимање во живо.

Во својот дванаесетти ден, протестите зафатија повеќе од 40 ирански градови, вклучувајќи го и главниот град Техеран. Иранските безбедносни сили ги блокираа демонстрантите, стотици се уапсени, а најмалку 41 демонстрант се убиени. Некои организации за човекови права наведуваат дека загинале дури 76 лица, пишува CNN.

За многу Иранки, сечењето на долгата коса, знак на убавина што мора да се сокрие во Исламската Република, е форма на протест.

„Сакаме да им покажеме дека не ни е грижа за нивните стандарди, нивната дефиниција за убавина или како тие мислат дека треба да изгледаме. Покажуваме колку сме лути“, рече Фаезех Афшан (36), иранска хемиска инженерка која живее во Болоња, Италија.

„Во нашата литература сечењето на косата е симбол на жалост, а понекогаш и симбол на протест.

Оваа практика се споменува во Шахнама, персиски еп стар 1.000 години. Ова дело се состои од речиси 60.000 стихови и зборува за персиските кралеви. Во него постојано се споменува сечење или корнење на косата како знак на жалост.

„Сечењето коса е древна персиска традиција, кога гневот е посилен од силата на угнетувачот. Дојде моментот што го чекавме. Политиката поттикната од поезијата“, напиша Шара Аташи, писателка и преведувачка од Велс, на Твитер.

Во Шахнама, по убиството на Сијаваш, неговата сопруга Фарангис и девојките кои ја придружувале си ја отсекле косата во знак на протест против неправдата, изјави Аташи за Си-Ен-Ен.

Практиката е вообичаена и во други древни култури. Епот за Гилгамеш, песна стара 3.500 години од античка Месопотамија (денешен Ирак) опфаќа теми на тага и очај, каде што сечењето или корнењето на косата се користи за изразување на болка. Епот се смета за едно од најстарите светски книжевни дела и наводно имал големо влијание врз соседните култури.

Шима Бабаеи, иранска активистка која живее во Белгија, која рече дека била уапсена во 2018 година од озлогласената иранска полиција за морал затоа што јавно го тргнала хиџабот во знак на протест, изјави за Си-Ен-Ен дека шишањето на нејзината коса имало „историско значење“ за Иранците. Жените кои ќе изгубат роднина понекогаш ја потстрижуваат косата како знак на тага и гнев, вели таа.

„За нас Махса ни беше сестра. Вака протестираме. Сечењето на косата е жалост за загубата на некој близок. А во денешниот контекст, тоа е знак на протест против убиството на нашиот народ“, додаде таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…

Дачиќ: Вонредна седница на Советот за безбедност…

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица…

Во САД уапсена претседателската кандидатка Џил Стајн

Кандидатот на Партијата на зелените за претседател…

Лукаревска: Вредностите секогаш нѐ обединувале, и кога…

“Прогресивните граѓани знаат дека со СДСМ има…

Системот на дуално образование во Германија сè…

Во потрага по решение за високите нивоа…