Трагедија: На автопатот Тетово-Скопје, животот го загуби 55-годишен велосипедист
Велосипедист на 55 години од Скопје го загубил животот во на автотпатот Тетово-Скопје денеска околу 13 часот и 20 минути, информира тетовската полиција. Несреќата се случила на делот од автопатот во непосредна близина на Добарски надвозник.
-Велосипед управуван од Н.Р.(55) од Скопје удрил во запрено, поради дефект, товарно моторно возило „фолксваген кратер“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а смрт констатирала екипа од тетовската Брза помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а по наредба на јавниот обвинител телото е предадено за обдукција. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер…
Морам да напоменам дека обраќањето не беше…
Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна…
Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите…
Ватикан: Што значи Светата година 2025?
Теологот од Аугсбург, Јорг Ернести добро се…
СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…
ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…
Jа клоцал, ја влечел за коса па…
Полицијата во Земун го уапси С. Н.…