Објавено на:

Кремљ: Путин ќе се сретне со директорот на МААЕ

t

Претседателот на Русија, Владимир Путин утре во Санкт Петербург ќе го прими директорот на Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси, најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Гроси претходно најави посети на Украина и на Русија во обид да се договори за воспоставување безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје, што од март е под контрола на руските сили, а нејзината безбедност е загрозена поради борбите помеѓу руските и украинските сили.

Пред неколку дена Русија со декрет ја прогласи за свој имот нуклеарната централа Запорожје.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на локацијата на најголемата нуклеарна централа во Европа, што ја зголемува загриженоста за потенцијална нуклеарна катастрофа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанец уапсен на Деве Баир

Албанец уапсен на еден македонски граничен премин. …

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во…

Европската Унија верува дека сите политички сили…

(Видео) Објавена и снимка: Украинците објавија видео…

Украински разузнувачи објавија дека осуетиле руска завера…