Подготвен за војна: Претрес во Скопје, приведени тројца крадци, пронајдени пиштол, муниција и предмети од извршени кривични дела

t

Полициски службеници од СВР Скопје денеска во периодот од 05:40 до 06:30 часот на подрачјата на ЕВР Центар и Бит Пазар и ЕВР Чаир, ги лишиле од слобода А.Ш.(40), Ф.В.(26) и В.Р.(20), сите од Скопје кои се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“ во куќи, станови и правни лица во градот, соопшти МВР.

По наредба на судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници од СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршиле претреси на пет локации во Скопје. При претрес во домот на А.Ш. биле пронајдени и одземени пиштол „глок 19“ со четири рамки и 33 куршуми калибар 9мм, ремен од автоматска пушка, ласерски нишан за пиштол и други предмети поврзани со кривичните дела. Додека при претреси во домовите на Ф.В. и В.Р. биле пронајдени и одземени повеќе часовници од познати брендови и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 236 и член 396 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…