Фатен жив: Со автомобил разнесувал кокаин, а полицијата во истиот пронашла и дигитална вага – скопјанецот сега е во притвор

t

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец откако полициски службеници во неговиот автомобил пронашле 1109, 93 грама кокаин. Дрогата била пронајдена при претрес на автомобилот на 13 октомври, при што полицијата пронашла и дигитална вага со траги од наркотична дрога.

Со ова постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, имајќи ги предвид околностите кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз постапката или да го повтори делото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во…

На Денот на слободата на медиумите, американската…

Станиците за технички преглед со речиси тројно…

Континуиран е растот на добивките на станиците…

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме…

Позитивните политики и пристап на СДСМ кон…

Захарова ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел:…

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи…

За првпат по 14 години Гаспром забележа…

Рускиот енергетски гигант Гаспром објави дека во…