Не’ пофалија од ЕУ: Македонија е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ
Македонија во делот на поглавјето 30 – надворешни односи е умерено подготвена и има постигнато добро ниво на подготвеност, а во однос на поглавјето 31 – заедничка безбедносна и одбранбена политика постигнат има многу добар напредок со целосното усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ по руската инвазија на Украина, нотира ЕК во Извештајот за напредокот на земјата за 2022 година.
Поглавјето 31 – Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, се однесува на обврските на земјата за усогласување во овие сегменти со политиките на ЕУ. Имено, земјите-членки мора да бидат способни да водат политички дијалози во рамките на надворешната, безбедносна и одбранбена политика, да се усогласуваат со изјавите на ЕУ, да учествуваат во акциите на ЕУ и да ги применуваат договорените санкции и рестриктивни мерки.
– Македонија достигна добро ниво на подготовка во областа на заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика. Постигнат е многу добар напредок во текот на извештајниот период, откако земјата целосно се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ по руската инвазија на Украина, се оценува во Извештајот.
Учеството во мисиите и операциите за управување со кризи на ЕУ беше засилено. Во наредната година, се посочува, земјата треба да ја одржува целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Редовен политички дијалог за прашања од надворешната и безбедносната политика меѓу ЕУ и земјата продолжи, вклучително и преку активен ангажман на Македонија во неформалниот дијалог на ЕУ и Западен Балкан на ниво на политички директори. Постои институционална рамка која овозможува учество на земјата во заедничката надворешна и безбедносна политика и соодветно заедничка безбедносна и одбранбена политика. За заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП), стапката на усогласување на земјата со релевантни изјави на високи претставници на ЕУ во име на донесените одлуки на ЕУ и Советот е 100 отсто во февруари 2022 година (во споредба со 96 отсто во 2021 година). Ова јасно ја потврдува стратешка ориентација на земјата кон ЕУ.
По руската инвазија на Украина, земјата веднаш целосно се усогласи со рестриктивните мерки на ЕУ за Русија и Белорусија, вклучително и за неподмирените санкции наметнати по нелегалната анексија на Крим. Владата продолжува да ги спроведува рестриктивните мерки на ЕУ. Македонија протера 11 руски дипломати и во најмалку два наврати одби дозвола за прелет на 106 руски владини авиони.
Македонија, се додава, се усогласи и со сите изјави на ЕУ поднесени во меѓународни организации (ОН, ОБСЕ и Советот на Европа), вклучувајќи ги и позицијата на ЕУ во Генералното собрание на ОН при гласањето за резолуциите во врска со агресијата на Русија против Украина и нејзиното хуманитарно влијание. Македонија гласаше, се додава, за суспензија на Руската Федерација од Советот за човекови права на ОН.
Извештајот нотира и дека Македонија одржува билатерален договор за имунитет со Соединетите Американски Држави, со кој американските граѓани се изземени од јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд. -Со ова, земјата не ги почитува заедничките позиции на ЕУ за интегритетот на Статутот од Рим или со поврзаните водечки принципи на ЕУ за билатералните договори за имунитет. Затоа е потребно усогласување со позицијата на ЕУ, стои во документот.
За спречување конфликти, Македонија, ја продолжи имплементацијата на
Регионален патоказ од 2018 година за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје и нивна муниција во Западен Балкан. За неширење, Македонија учествува во некои, но не во сите меѓународни аранжмани и инструменти. Земјата учествува во Иницијатива за безбедност од пролиферацијата и Хашкиот кодекс на однесување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…
Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…
Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…
Унгарија ја тужи ЕУ
Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…