Седум години затвор за таксистот кој се судри со воз, сообраќајка во која загина младо момче упатено на дијализа
Таксистот Љубе Трајковски (66) од Велес, доби седум години затвор за сообраќајката која се случи на 10 февруари 2020, во која едно младо момче почина, а тројца патници беа тешко повредени, пренесува „Сакам да кажам“. Автомобилот на обвинетиот бил удрен од товарен воз кога преминувал преку железнички патен премин. Трајковски се товареше за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот, во сообраќајот“. Според обвинителството, делото е сторено со умисла поради тоа што обвинетиот секој понеделник, среда и петок, ги носел патниците на дијализа во Велешката болница и знаел дека на критичното место има железнички патен премин и минува воз. Пресудата ја образложи судијката Габриела Гајдова, претседателка на петчлениот Кривичен совет.
Тврдењето на одбраната дека во критичниот период не работела светлосната, звучната и вертикалната сигнализација не е точно. За видеото кое беше предложено за сведочењето самиот автор констатира дека е снимано пет години пред настанот. Вештото лице недвосмислено укажа дека обвинетиот не ја почитувал поставената сигнализација, преминал во налет преку преминот, наместо да сопре бидејќи имало таков сообраќаен знак, кажа Гајдова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово,…
Вчера во 16 часот во СВР Тетово,…
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа во…
И денес „Марш за ангелите“ во Кочани…
Семејствата на починатите во трагичниот пожар во…
Во Србија одбележуваат Видовден – Владата на…
Во Србија денеска се слави Видовден, а…
Филипче ќе присуствува на Конгрес на СПД…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ)…