Фон дер Лајен твитна на македонски: Македонскиот јазик на исто рамниште со европските
Откако вчера во Владата на РМ беше потпишан Договорот со ФРОНТЕКС, претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен објави твит на македонски јазик на нејзиниот официјален Твитер профил.
-Договорот со Фронтекс што го потпишуваме денес е важен. Не само поради тоа што ја зајакнува нашата соработка во полето на миграција. Туку поради тоа што е преведен на македонски јазик. На исто рамниште со сите 24 јазици на ЕУ, гласи твитот на Фон дер Лајен, под кој има лавина од позитивни и негативни коментари од граѓаните.
Двете страни оценија дека со потпишување на договорот е направен нов чекор напред во европското единство, во коешто активно придонесува Република Македонија и од позицијата на земја преговарач со Европската Унија, а којашто, како што кажа Фон дер Лајен, е очекувана и добредојдена во скоро време во Унијата, како полноправна членка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…