(Документ) Кого лаже власта? „Договор за стабилизација и асоцијација со Европските заедници” потпишан во 2001 на ЧИСТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!

t

Весна Кираџиева, атлетска репрезентативка на Македонија и член на Левица, ги разобличива лагите на власта дека досега немало чист македонски јазик и објави верзија на “Договорот за стабилизација и асоцијација со Европските заедници” е потпишан исто така на чист македонски јазик.

– „Договор за стабилизација и асоцијација со Европските заедници” од 2001 г.

Потпишан на „ЧИСТ“ македонски јазик и како РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, од сите членки на ЕУ, меѓу кои и Грција, која исто така го потпишала документот на македонски јазик и Република Македонија.

Поголем регресивен и антиевропски елемент од СДС на северна која упорно нѐ враќа назад, нема!

Прашањето за македонскиот јазик е решено уште во ’45, со АСНОМ, ама они мораат да ги копаат темелите и да буричкаат по националните прашања, затоа што другата опција е да засукаат ракави и всушност да работат.

Таа работа би значела департизација на институции од превработеност со партиски кадар, судство, борба против корупција, оправање на здравството, образованието. Ова е тешко, полесно е да се манипулира јавноста со позирање дека нешто работат, додека нѐ враќаат во 19-ти век, пишува Кираџиева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ