ДРАМА ПРЕД НЕГОТИНО: Велешанец со камион полн со мигранти бегал од полиција – на крајот..
На регионалниот пат Демир Капија–Неготино на место викано „Острово“ пред Неготино во 02:25 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, Полициската станица Неготино и од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода 41 – годишниот Е.Н. од Велес, затоа што во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 21 мигранти од Сирија, информира денеска Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
– Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се обидел да избега. Набргу бил запрен и лишен од слобода, појасни Самарџиев.
Тој информира дека мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Самарџиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранскиот претседател вели дека ќе го почитува…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вели дека ќе…
Бугарското МНР: „Вековен македонски идентитет“ ги повредува…
„Бугарија останува посветена на сите елементи од…
Мајката на Моника која загина во пожарот…
Верица Трифунова, мајката на Моника Спасова –…
Струмица на чекор до паметно управување со…
На денешната 22-ра работна конференција на Локалниот…
Срамота: Патриотите си испоседнаа на знамињата, граѓани…
Фејсбук страницата „Кумановска горила“ објави видео од…