Утрово тешка сообраќајка на „Партизанска“, повредени три лица!

t

Рано утрово околу 4 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила на крстосница од бул. „Партизански одреди“ и бул. „Св.Климент Охридски“ во Скопје.

Во несреќата учествувале возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од с. Црн Врв, скопско и патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(39) од Скопје.

По несреќата, возачот А.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а возачот Б.Т. и неговиот сопатник Т.В.(53) од Скопје биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар на Б.Т. му биле констатирани телесни повреди, а на сопатникот Т.В. му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…

„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…

Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…