Тажна вест: Почина Александар Поповски, партизан и долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија
Почина Александар Поповски, Македонец од Егејска Македонија, партизан, учесник во Граѓаската војна во Грција и долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, објави Фејсбук страната “Егејскиот дел на Македонија”.
– Почина Александар Поповски…
Бог да го прости, сочувство до семејството.
Александар Поповски (15 февруари 1932, с. Долно Котoри, Леринско – 13 ноември 2022, Битола) македонски партизан, учесник во Граѓанската војна во Грција.
Александар потекнувал од револуционерна фамилија. Тој во партизани заминал на 17 години, бил во составот на младинска елитна чета и учествувал во сите поголеми битки. Бил апсен, мачен… Во 1947 година бил курир на партизаните, а од март 1948 година се борел. Учествувал и во битката на Грамос, која започнала на 17 јуни, а завршила на 21 август. На 24 септември Александар бил тешко ранет. По лекувањето во Албанија, се вратил повторно назад и се борел во четата на Ѓорѓи Пејков. Учествувал во трагичната битка за Лерин. Александар Поповски неколку години во Ташкент ги чувал првите луѓе на КПГ и генералите што се повлекле по поразот. Поповски во Ташкент останал 9 години, каде што се школувал во тамошната воена академија.
Поповски долги години бил на чело на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола и ги организирал познатите средби во Трново, стои во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…