СТРАШНО И ЖАЛНО: Најмалку шест загинати и 81 повреден во експлозијата во Истанбул
Жена бомбаш самоубиец стои зад вчерашната експлозија во Истанбул во која загинаа најмалку шест лица, а 81 се повредени, соопштија турските власти.
Соопштувајќи го последниот биланс на жртви, турскиот потпретседател Фуат Октај објави дека две лица се тешко повредени.
– Сметаме дека станува збор за терористички напад, додаде Октај и посочи дека според првите информации се работи за експлозија на бомба која ја активирала жена.
Експлозијата се случи во централното градско подрачје во улицата Истиклал.
Претходно говореше и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој исто така рече дека според првите податоци се работи за терористички напад. Сè уште никој не ја презел одговорноста за експлозијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…