Добро утро со Инфомакс: Кој кому споменик ќе гради во ова време на незнајни јунаци и знајни предавници?

t

Раде Силјан (родено презиме Павловски) е роден на 16 април 1950 година во с. Жван, Демирхисарско. Тој е македонски поет, есеист, критичар и преведувач.

Силјан е член на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Главен и одговорен уредник на едицијата „Македонски искушенија“ и член на редакцискиот одбор за подготовка на издавачкиот проект „135 тома македонска книжевност“. Почесен член е на Македонското друштво за наука и уметност во Битола. Член е и на меѓународната академија „Михај Еминеску“ во Крајова, Романија и на Славјанската академија во Варна, Бугарија.

Дваесет и четири негови книги се преведени на: англиски, руски, турски, грчки, италијански, бугарски, српски, украински, полски, латински, романски, црногорски, влашки, словенечки, бошњачки и албански јазик.

Добро утро Македонци, уживајте во “Прашања без одговори”:

Прашања без одговори

Кој – кому верува
во ова време на прокуди
на луди коњи
на аздисани деца
на лажни спомени
Кој – кому кумува
во ова време на мрсулави мажи
на недоспани жени
на празни лејки
на разголени тела
Кој – кому ќе пресуди
во ова време на ѕевгари
во ова време на безимени
во ова време на невини
во ова време на жедни
Кој – кому споменик ќе гради
во ова време на надежи
на чудни градби и телали
на незнајни јунаци и знајни предавници
во ова време на изгубени илузии

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…