ХАОС: Седуммина загинати при пукањето во Вирџинија

t

Седум лица загинаа, а неколку се повредени при пукање синоќа во продавницата на „Волмарт” во Чизпик во американската сојузна држава Вирџинија, информираа властите.

Трагедијата следува само неколку дена откако вооружено лице уби петмина и рани 17 лица во ЛГБТК+ ноќен клуб во Колорадо.

Градот Чизпик го потврди бројот на жртви денеска на Твитер, повикувајќи се на градската полиција.

Се верува дека имало само еден напаѓач, кој, исто така, е мртов.

Засега нема повеќе детали, иако неколку медиуми пишуваат дека се работи за менаџер на продавницата. За ова, нема потврда од полицијата.

Не е јасно ниту дали напаѓачот починал од повреди што самиот си ги нанел.

Едно тело е пронајдено надвор од продавницата.

„Волмарт” е „шокиран” од насилството и тврди дека соработува со полицијата во истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…