Акција на МВР: Уапсени двајца дилери во Кочани
МВР информира дека вчера во Кочани биле уапсени двајца дилери, Е.Д.(45) и К.А.(33), кај кои била пронајдена дрога.
Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера го лишиле од слобода кочанчанецот Е.Д.(45) откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана.
-Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.
Полициски службеници вчера го лишиле од слобода и К.А.(33) од Кочани откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
-Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…