Пожар во затворот во Куманово: Горела соба на малолетник, полицаец хоспитализиран поради задушување
Опожарена била една соба во затворот Кшање, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, a потврдија надлежните од затворот.
Пожарот избувнал во пладневните часови, вчера.
-Веднаш е информирана противпожарната единица, полицијата, како и социјален работник, бидејќи лицето сместено во собата во притворското одделение е малолетно. При извлекување на притворените од собите еден полицаец од затворот е хоспитализиран поради задушување и му е пружена помош. Нема повредени осуденици. Пожарот е изгаснат, изјави за МИА, директорот на затвор Кшање, Ненад Цветковиќ.
Од РЦУК Куманово, информираат дека пожарот избувнал во 12:07 и бил изгаснат до 13:20 часот. Пожарот го гаселе петмина пожарникари со едно противпожарно возило.
Пожарот бил пријавен и во СВР Куманово на пладне од каде била испратена екипа. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…