Запаленo кафулето на началникот на ЕВР – ЧАИР! – При гаснење на пожарот повреден еден полициски службеник

t

Инфомакс дознава дека минатата недела е подметнат пожат во угосителски објект старата скопска чаршија во сопственост на началникот на Единицата за внатрешни работи во Чаир.

На објектот насилно е отворена влезната врата, а во близина е пронајдено пластично шише кое било користено за пренесување на бензин. Пожарот се проширил за кратко време и целосно ја зафатил внатрешноста на кафулето „Ten/11“ која е речиси во целост уништена.

Пожарот е изгаснат некаде после 3 часот наутро од страна на противпожарната бригата, а потоа е известена и полицијата.

Како што дознаваме при обидот за гаснење на пожарот повреден е уште еден полициски службеник роднина на началникот на ЕВР Чаир. Со изгореници и поради вдишување на поголемо количество чад, полицискиот службеник е веднаш потоа пренесен на Клиника.

Причината за овој настан е непозната за полицијата, но веројатно полицискиот началник одлично е запознаен зошто токму тој се нашол на мета на ваквиот чин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…

Новата учебна година во Битола ќе ја…