Кремљ: Ограничувањето на цената на руската нафта нема да влијае на офанзивата на Москва во Украина
Ограничувањето на цената на руската нафта кое го одредија западните земји нема да има влијание на офанзивата на Москва во Украина, соопшти денеска Кремљ и предупреди на „дестабилизација“ на светскиот енергетски пазар.
Руската економија „ги има сите потребни капацитети“ за финансирање на воената офанзива, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Европската унија, Г7 (Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД) и Австралија ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари по барел.
– Таквите мерки нема да имаат никакво влијание, рече Песков. Цената на сировата нафта изутрината се зголеми за околу 0,6 отсто, на повеќе од 86 долари по барел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…