Објавено на:

Австрија и официјално кажа „не“ за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген

t

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека Австрија се противи на пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Тој оваа изјава ја даде за време на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана.

„Министерот за внатрешни работи јасно стави до знаење. Нема одобрение од Австрија за проширувањето со Бугарија и Романија. Потребно е повеќе време. Имаме 75.000 нерегистрирани илегални имигранти во Австрија. Тоа значи дека ја поминале надворешната граница на Европската Унијата и заврши во земја без море како Австрија. Прво треба да одговориме на овие безбедносни прашања“, рече Нехамер.

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави во Тирана дека Романија ќе преговара до последен момент, информира Romania Journal.

„Решени сме да останеме одлучни до последен момент и да го донесеме решението таму каде што сакаме. Нема да престанеме да разговараме и преговараме до последен момент. Со оглед на тоа што решенијата во однос на Романија и Бугарија не се целосно идентични, резултатите не можат да бидат или целосно исто. Тоа не значи дека не може да се најде погодна формула за решение за двете страни“, рече шефот на државата Романија.

Одлуката за проширување на Шенген зоната ќе биде донесена на состанокот на Советот на министри за правда и внатрешни работи на ЕУ во четврток и петок.

MИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

По завршувањето на специјалната операција во Украина,…

Првата жртва при распадот на Југославија: 33…

Триесет и три години од загинувањето на…

Значаен пад на цените на нафтата минатата…

На глобалните пазари минатата недела цената на…

(Видео) Апасиев: Ај направете војна да ве…

- Албанската полиитчка елита во Македонија е…