Лекар ќе може да ви одреди „куќен притвор“ без лабораториски доказ – новиот Закон за заштита од заразни болести, скандалозен!

t

На секое лице кое не е вакцинирано или нема при себе потврда дека прележало одредена заразна болест, ќе му биде забранет влез во објекти. Според најновите предложени измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, не е точно наведено за кои и какви објекти станува збор. Дали тоа ќе значи дека лицето нема да смее да оди на своето работнo место, да влегува во амбуланти и болници или дали ќе не смее да влегува во продавници, банки, локали и слично, не е точно утврдено. Не се знае ниту дали истото ќе се однесува на децата, односно дали дете кое не е вакцинирано, а е прогласена епидемија, ќе смее да оди во градинка или во училиште.

Познавачите на состојбата појаснуваат дека до одреден степен со ваквата мерка се работи за дискриминација на населението, која досега Уставот ја забрануваше. Тоа значи дека сега и законски без вакцина против некоја заразна болест нема да смее да влезе било каде.

“Предлогот е многу проблематичен, па и неуставен, особено дополнувањето на член 28 согласно кој се забранува влез на неимунизирани лица во затворени објекти со што практично се врши присилна вакцинација или во спротивно буквално треба да се исклучите од реалниот свет“, вели скопскиот адвокат и активист Јанаки Митровски.

“Она што е симптоматично е што партиите од опозицијата или оние кои глумат опозиција немаат никаква реакција, а можат многу лесно со илјадници амандмани да го блокираат законот. Овој предлог Закон ќе покаже која опозициска партија е навистина опозиција, а која глуми опозиција“, додава Митревски.

Ваквата забрана се дефинира како “времена мерка во случај на епидемија за да се спречи ширење на заразна болест“, За кои болести ќе важи забраната ќе одлучуваат центрите за јавно здравје.

Со измените, Министерството за здравство како мерка може да примени и најнови технолошки достигнувања (интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично) за да го најде и лоцира заразеното лице, како и лицата со кои било во контакт.

Иако е наведено дека при обработката на личните податоци ќе се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот, детали не се наведени. Не е дефинирано до кој степен ќе може да се навлезе во приватноста на лицето.

Во законските измени постои и дел кој вели:“Преку системот за брзо известување и предупредување (ALERT – синдромско следење) ќе се обезбеди секоја заразна болест да се евидентира без чекање на лабораториска потврда, затоа што пријавувањето се заснова на клиничкиот наод, односно присуство на одредени симптоми и знаци и вршење на надзор над одредени групи болести: болести со сезонско појавување, болести значајни поради високиот морбидитет или болести значајни поради тешката клиничка слика и прогноза. Со ова, се забрзува пријавувањето и се обезбедуваат извештаи во реално време а со тоа се планираат сите натамошни активности“

На ова Митровски вели:

“Како крајно опасни ги доживувам сите најави за систем за брзо следење и предупредување или ALERT како што се нарекува во законското решение кое се предлага и тоа со европско знаменце. Видно од предлогот – ќе се обезбеди секоја заразна болест да се евидентира без чекање на лабораториска потврда, затоа што пријавувањето се заснова на клиничкиот наод, односно присуство на одредени симптоми и знаци и вршење на надзор над одредени групи болести – е дека се работи со нон сенес бидејќи постоење на одреден симптом не значи и дека сте носител на болест или заразување. Но, за мене е крајно проблематичен од безбедносен аспект и од аспект на инвазија на човековите права и тврдам дека ова се прави од тие причини“.

“Ве молам, пандемијата заврши, неделно има по само 30-тина случаеви и по кажувањето на првиот човек на Комисијата за заразни болести, смртните случаи се реткост и редовно се пропратени со коморбидитети. Од тие причини апсолутно се противам на воспоставувањето на вакви системи кои декларативно се за заштита на населението, а фактички се за контрола на истото“, потенцира Митровски.

Со предлжените измени кои се пуштени во собраниска процедура, секоја заразна болест ќе се евидентира и без лабораториска потврда. Лекарот врз основа на клиничката слика или наод, односно според присуство на одредени симптоми и знаци ќе може да одреди за која инфективна болест се работи и истата да ја пријави во надлежната здравствена институција. Се смета дека на овој начин се забрзува пријавувањето и се обезбедуваат извештаи во “реално време“.

„Лекарот според збирот на симптомите и знаците кои се присутни кај пациентот е должен да ja пријави заразната болест за која постои сомнение во интегрираниот здравствен информатички систем со цел брзо известување и предупредување, преку кој автоматизирано се доставуваат извештаи до надлежниот центар за јавно здравје и Институтот за јавно здравје на Република Македонија“.

“Предложените измени на Законот за заштита на населението се направени во врска со последната пандемија на КОВИД-19, во која се уште се наоѓаме. Ова значи дека сите одлуки што се носеа од страна на Владата за изолација и одредување мерки, сега ќе имаат и правна основа со закон. Со овој степен на пандемија, како што е во моментов, нема да се бараат сертификати, бидејќи нема ризик кон општото здравје за граѓаните“, изјави министерот за здравство, Беким Сали и појасни дека доколку не се појави епидемија не се наметнува никакво ограничување.

Предложените измени според министерот Сали “не се насочени кон граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат, но ги известуваат оти невакцинирањето по автоматизам не е право за движење каде било и кога било“.

Дали со ваквите измени, кога ќе бидат стапени на сила, тоа ќе значи дека во случај на епидемија на морбили невакцинираните деца нема да смеат да одат во училиште, Сали вели дека тоа ќе зависи од одлуката на Комисијата за заразни болести.

“Доколку Комисијата утврди дека одредена група на деца би биле ризик за себе и за останатите деца, секако дека ќе се донесе таква одлука“, објасни министерот.

Листата на заразни болести кои подложат на задолжително пријавување е проширена на 75, што е плус 30 од досегашните утврдени со Законот.

Во Законот за заштита на населението од заразни болести се внесуваат ротавирусните инфекции и пневмококните инфекции во листата на вакцини што се задолжителни за сите лица од определена возраст.

Вакцината против рота вирусот се спроведува со орална ротавирусна вакцина во три дози со ставање капки во устата на детето, на возраст од шест недели до 32 недели. Првата доза од вакцината треба да се даде пред детето да наполни 15 недели, додека сите три дози на вакцината треба да бидат примени пред да наполни осум месеци.

Пневмококната вакци се дава интрамускулно. Се користи пневмококна вакцина, која штити од повеќе серотипови пневмокок, кои се поврзуваат со тешки инфекции кај децата. Дететот може да прими од една до четири дози, во зависност од возраста на детето во моментот кога е почнато со вакцинација.

Пишува: Александра Милошевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…