Маж осомничен дека сакал да го убие очувот, повеќе пати го избодел со нож

t

сновното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија отвори истрага за обид за убиство во која е осомничено едно лице кое повеќе пати со нож го избол својот очув.

Настанот се случил пред два дена, на 12 декември, кога осомничениот влегол во домот на очувот. Мал прозорец од домот бил отворен, па осомничениот преку него со рака успеал да ја отворил влезната врата и да влезе. По кратка расправија, според ОЈО Гевгелија, повеќе пати го избол со нож.

Притоа му нанел тешки телесни повреди – две убодни рани во грбот, длабоки посекотини на левата страна на вратот, лицето и на десната шака. Оштетениот паднал на подот во дневната соба и почнал обилно да крвави. Откако осомничениот си заминал, оштетениот успеал да излезе надвор на улица, каде го затекнале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош.
Пред да падне во кома поради сериозноста на повредите и да биде пренесен на Клиничкиот центар во Скопје, оштетениот успеал да го наведе осомничениот како сторител на кривичното дело“,соопштија од гевгелиското обвинителство.
За осомничениот од ОЈО Гевгелија бараат судот да му определи притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…