НОВИ ДЕТАЛИ: Девојката која го призна убиството на момчето во Тетово се обидела и да го полие со бензин

t

Одреден и е 30 дневен притвор на малолетната девојка, која го призна убиството на 16-годишното момче од селото Новосело- Желино. Освен девојката, од секторот за внатрешни работи Тетово, рекоа дека бил сослушан уште еден малолетник, но тој потоа бил пуштен дома.

„Во текот на вчерашниот ден во СВР Тетово биле повикани две малолетни лица, од кои едното е 17-годишно девојче кое признало дека е сторител на кривичното дело. По целосно документирање на случајот, судија на претходна постапка при Основниот суд Тетово и изрече мерка притвор во траење од 30 дена и истата е испратена во затвор Скопје, на издржување мерка притвор“, вели Фатмир Реџепи- портпаролот на СВР Тетово.

Причната истрага на обвинителството покажа дека убиството се случило по вербална расправија меѓу двете лица, по што девојката го нападнала момчето, а потоа неговото тело го фрлила во реката.

„Осомничената, 17-годишна девојка, со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години. По вербалната расправија во автомобилот кај местото викано „Бањиче“, таа со остар предмет го удрила оштетениот, нанесувајќи му тешки телесно повреди опасни по живот. Потоа го фрлила во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката. Надлежен јавен обвинител до судот достави предлог за определувањето мерка притвор“, наведуваат од Основно обвинителство Тетово.

Според информации на телевизија Алсат, сега уапсената малолетничка најпрвин со остар алат го удрила сега починатиот 16-годишник, а потоа со завои го врзала за седиштето од автомобилот. Исто така, се дознава дека таа се обидела и да го полие момчето со бензин. Момчето, потоа го извлекла од автомобилот и го фрлила стотина метри подолу во коритото на реката Пена, објави телевизија Алсат.

Тетовската полиција се сомнева во вмешаност на трето лице во синоќешниот стравотен настан, за кој истрагата продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…