Го заклал татко му на спиење, па се вратил во „детска“ – притвор за убиец од Куманово

t

Определена мерка притвор во траење од 30 дена за 40-годишниот кумановец кој е осомничен дека го лишил од живот неговиот 65 годишен татко, со што сторил кривично дело, убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопштија денеска од обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице кој судијата го прифатил и донел решение со кое определи мерка притвор во траење од 30 дена, оценувајќи дека лишувањето од слобода е законито.

На 12 јануари, во попладневните часови, на улицата „438“ во Куманово, осомничениот влегол во собата во која престојувале неговите родители, зел кујнски нож и без да биде забележан од мајка му, дошол до креветот на кој спиел неговиот татко и со ножот го прободел во пределот на вратот од левата страна. Како резултат на здобиената повреда, оштетениот обилно искрвавил и починал, а осомничениот заминал во соседната соба каде останал до пристигнувањето на полициските службеници, велат од обвинителството.

Претходно, со цел расчистување на настанот ЈО издаде наредба за обдукција на починатиот и вештачење на сите траги пронајдени и подигнати на лице место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…

Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Тие не заслужиле да се изнајми приватен…

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…