Претрес во Виница, приведени 5 лица, расчистени 13 кривични дела
По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Виница расчистија 13 кривични дела од кои шест „тешка кражба“, 3 „тешка кражба“ во обид и четири „кражба“ извршени во куќи и викенд куќи на подрачјето на Виница, при крајот на минатата и почетокот на годинава.
Поради сомнение дека ги извршиле кривичните дела биле лишени од слобода О.И.(30), А.И.(20), Џ.И.(26), Т.И.(32) и Б.Д.(18), сите од Виница.
При претрес по судска наредба во домот на осомничените биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Во полициска станица бил извршен службен разговор со осомничените кои ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…