Погодете каде!? Тинејџери дивееле со украдено службено возило, повредени тројца полицајци уништени две полициски возила
Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 16.20 часот во близина на угостителски објект во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода Ј.Ј.(19) од Тетово и тројца малолетници од Тетово и селата Ларце и Непроштено.
Како што соопшти МВР, лишените лица десетина минути пред тоа биле забележани на локалниот пат Палчиште-Камењане како се движат со противправно одземеното возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на државна институција, а пријавено вчера.
Тие не испочитувале наредби за запирање дадени од полициски службеници и притоа оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полициски службеници на СВР Тетово.
Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, а полициските службеници се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Власта упорно избегнува дециден одговор –…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, повторно го…
Телефонски разговор меѓу директорите на ЦИА и…
Директорот на руската служба за надворешно разузнавање,…
ДУИ: Албанците нема да прифатат да бидат…
„Уште во 2022 година, лидерот на опозицијата,…
Нов скандал во МВР, милионски тендер за…
Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ -…
Вучиќ најави уште апсења – Вчера имало…
Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до…