ДЕТАЛИ: Ептен ја претерал! Ограбил продавница, украл автомобил па на крајот се забил во надгробна плоча

t

На 21.02.2023 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип – се наведува во билтенот на МВР.

Средовечен штипјанец е уапсен во Куманово, откако обил продавница во градот, украл пари и клучеви од автомобил, побегнал со него и потоа удрил во надгробна плоча на кумановските гробишта, соопшти МВР.

„На 21.02.2023 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар” вo градот и одзел пари и клучеви од патничко возило „Пежо“, сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово“, пишува во полицискиот билтен.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, најави МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…