Приведени две лица на граничниот премин Белановце, со 10 евра се обиделе да ги поткупат полицајците
ве лица се приведени на Граничниот премин Белановце на 24.02.2023 во 09:20 часот, при влез во земјава, откако се обиделе да ги поткупат полициските службеници. Станува збор за албански државјани Г.Ј.(65), возач, и Е.Р.(38), совозач, со патничко моторно возило “пежо“ со албански национални ознаки.
„При вршење на пасошка контрола Е.Р. дошол до кабината каде на полициски службеник му дал патни исправи и зелен картон. При проверка на документите, полицискиот службеник забележал дека во зелениот картон била ставена една банкнота од 10 евра, по што Е.Р. рекол дека тие се за него за да го пушти бидејќи бил истечен рокот на зелениот картон. Е.Р. веднаш бил лишен од слобода“ се наведува во полицискиот билтен.
Дополнително бил извршен преглед на возилото и била пронајдена и марихуана и една дробилица. Известен бил Јавен обвинител и тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка односно за поднесување соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…