Почна специјална операција: Хрватска праќа 14 хеликоптери во Украина
Хрватска започна со специјална операција преку која праќа 14 транспортни хеликоптери во Украина.
Од нивниот состав издвоени се 12 хеликоптери MI 8 MTV-1 и два хеликоптери MI 8 T, кои почнале да ги подготвуваат за транспорт, пренесе „Јутарњи лист“.
Според достапните информации, неколку хеликоптери се наоѓаат во просториите на Воздухопловниот технички центар во Велика Горица, каде вработените ги извршуваат сите неопходни технички подготовки.
Некои од хеликоптерите се во хангарите, а во моментот два се надвор.
Меѓу другото, од хеликоптерите се отсрануваат сите постоечки ознаки, по потреба се менува употребениот материјал, се додава масло и тн.
Заради недостиг во просториите во ЗТЦ, останатите хеликоптери се во воениот дел на аеродромот „Плесо“ и во Лучко.
Се проценува дека ќе бидат готови за транспорт за десетина дена.
Весникот наведува дека седум хеликоптери ќе бидат делумно расклопени и превезени по копнен пат, а другите седум ќе летаат за Полска.
Имено, сите 14 хеликоптери ќе бидат префрлени во Полска, од каде ќе бидат пратени за Украина. Се претпоставува дека хеликоптерите со повеќе ресурси ќе летаат за Полска, додека оние со помалку ќе бидат пренесени по копно.
По заминувањето на овие хеликоптери во Украина, хрватското воено воздухопловство ќе има на располагање десет транспортни хеликоптери MI 171Š и четири хеликоптери „Black Havk“.
Одлуката за праќање хеликоптери во Украина хрватската влада ја држеше во тајност, на што се противи претседателот на државата и врховен командант на војската Зоран Милановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…