(Фото) Страшна сообраќајна незгода вечерва во Бутел!
Скопјанец е пренесен во Градската болница со повреди од тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, на семафорите кај џамијата, објави вечерва Макфакс.
Додека тој со својот автомобил стоел на црвено светло, зад него се појавило возило кое залетано со голема брзина удрило и целосно го згмечило задниот дел, а автомобилот се извртел за 360 степени.
Очевидци за „Макфакс“ раскажаа дека возачот кој ја предизвикал сообраќајната несреќа возел со неверојатна брзина.
„Возеше можеби 200 километри на час“, раскажа за „Макфакс“ жена која ја посведочи несреќата.
Возачот не успевал да го совлада забрзаното возило по ударот. На крајот удрил во куп песок, дијагонално од местото на несреќата кое е целото покриено со стакла.
МВР го обезбедува местото. Се чека увидна екипа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…