Згасна и последната надеж: Идентификувано телото на 19 годишната Анастасија Папаџелис
Семејството на 19-годишната Анастасија Папаџелис е уништено по потврдата за нејзината смрт која дојде по идентификацијата на нејзиното тело.
Анастасија, по потекло од Ликурија Калавритон, била во третиот вагон на патничкиот воз кој се судри со товарниот во Темпи и патувала за Солун каде што студиралa.
– Универзитетот Аристотел во Солун ја доживува најголемата трагедија во својата историја, се наведува во соопштението по смртоносната железничка несреќа во Темпи.
19-годишната студентка одела во Солун каде студирала Фаултетот за земјоделство при Универзитетот Аристотел. Нејзината идентификација била направена по примероци од ДНК, со што згаснале сите надежи, а семејната тага сега е неподнослива.
Според соопштението на Ректорската управа, АУТХ жали за загубата на девет студенти. Истовремено се соопштува дека меѓу повредените има и 26 студенти на универзитетот.
– Жалиме за нашите 9 студенти кои ги загубија животите. Ние стоиме покрај нашите 26 повредени студенти. Сите сме уништени. Нема зборови со кои може да се опише нашата и болката на сите членови на Универзитетската заедница. Нека им е светол патот на нашите деца. Сочувство и сила до семејствата и најблиските. Брзо закрепнување на повредените, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…