Добро утро со Инфомакс: Од Калето пукотници, од плоштадот аплаузи – 22 години од почетокот на воениот конфликт во Македонија

t

Денеска се навршуваат 22 години од официјалниот почеток на воениот конфликт во Македонија.

Во сеќавање на тој ден, денеска во рубриката “Добро утро со Инфомакс” не пренесуваме стихови, поезија, проза како обично, туку пренесуваме кратки информации за она што некои го нарекуваат војна, некои конфликт.

Конфликтот неофицијално во Македонија започнува со нападот на полициска станица во Теарце на 22 јануари 2001. На 16 февруари 2001 година во пограничното село Танушевци, новинарска екипа на А1 телевизија била заробена, а по одземањето на камерата новинарите биле ослободени. По ова започнуваат двонеделни препукувања меѓу безбедносните сили и терористите. На 14 март бојното поле се префрлило во Тетово, во месноста Кале биле регистрирани вооружени напади врз безбедносната полиција. Веќе на 23 март, од страна на властите во Република Македонија била донесена одлука за голем напад врз позициите на ОНА. Македонската армија им нанела голем пораз на припадниците на ОНА. Според некои извори, Албанците сепак не биле спремни и не очекувале таков напад во тоа време од страна на македонската полиција.

На конфликтот му претходат низа настани, во продолжение хронологијата на настаните:

– На 1 февруари 1990 година, околу 2.000 Албанци протестирале во Тетово барајќи независност на регионот во Западна Македонија, каде етничките Албанци го сочинувале мнозинството;
-На 20 ноември, по усвојувањето на Уставот, Република Македонија станала независна држава. На специјалната седница на парламентот за усвојување на Уставот на Република Македонија, таа била бојкотирана од страна на ПДП-НДП;
-На 11 јануари 1992 година бил одржан референдум за автономија на Албанците во западниот дел од Македонија – вклучувајќи ја и Илирида. Референдумот и резултатите од референдумот беа прогласени за нелегални од страна на македонските власти.
-На 31 март 1992 година, поголем број етнички Албанци демонстрирале во Скопје, барајќи од меѓународната заедница да не ја признае македонската држава сè додека не добијат автономија во деловите на државата каде го опфаќаат мнозинството.
-На 6 ноември 1992 година, во судирите помеѓу македонската полиција и етничките Албанци на Бит-пазар во Скопје, загинале 4, а 36 етнички Албанци биле повредени.
-На 15 февруари 1995 година, 2.000 Албанци се собрале на отворањето на нелегалниот универзитет на албански јазик во Мала Речица во Тетово. По ова следувале големи протести во цела држава од страна на македонските студенти и средношколци. По два дена, универзитетот бил затворен, а во немирите еден Албанец убиен.
-На 9 јули 1997 година на општинските згради во Тетово и Гостивар било истакнато албанското знаме. Како резултат на тоа, македонската полиција се судрила со демонстрантите во Тетово, при што тројца Албанци биле убиени, а 312 уапсени.
-На 20 март 1999 година започнало бомбардирањето на СР Југославија од страна на НАТО. Република Македонија примила 350.000 косовски бегалци.
-На 11 јануари 2000 година, на влезот од село Арачиново, во заседа загинуваат полицајците Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак.

Настаните на 9 јули

Деветтојулските настани се случиле на 9 јули 1997 година во Гостивар и Тетово како еден од поголемите настани во најновата Македонска историја. По новата териоторијална поделба од 1996 година, на локалните избори од 1996 година победиле градолначалниците од ДПА, Руфи Османи и Алајдин Демири. Тие предизвикале револт во државата со истакнување на државното знаме на Република Албанија пред општинските згради. Така, од страна на тогашниот премиер Бранко Црвенковски било решено да се спроведе полициска акција за отстранување на знамињата.

Полициските рации во Гостивар започнале на 8 јули 1997 со упаѓање во неколку ноќни барови од страна на македонската полиција. На 9 јули 1997 во Гостивар етничките албанци излегле на протести веејќи албански и турски знамиња. Сред толпата се наоѓал и градоначалникот Османи. Истиот ден започнала и акцијата за отстранување на знамињата. Кога протестантите се приближиле кон македонските безбедносни сили, врз нив бил отворен рафален оган. Полицијата одговорила со противнапад, при што четири етнички албански цивили го загубиле животот. Кон крајот на денот, македонската полиција влегла во општинското собрание, симнувајќи го албанското знаме, а двата градоначалници биле уапсени. Руфи Османи бил осуден на тринаесет години затвор, но по смена на власта во 1998 година, тој бил амнестиран. Алајдин Демири добил казна затвор од две години, но исто и тој бил амнестиран по 1998 година.

Во конфликтот се случуваат низа масакри, македонската војска и полиција главно гине не на бојното поле, туку во кукавички заседи и местенки. Во масакрите кај Вејце, Љуботенските бачила, Карпалак, борбите околу Куманово, битката за Арачиново, загинале вкупно 75 припадници на безбедносните сили на Македонија.

Во конфликтот има и загинати цивили. Според проценките, загубите на страната на УЧК се драстично поголеми, околу 1.500 до 2.000 лица.

Во неколку емисии на Инфомакс, нашите гости раскажуваа за случувањата во 2001 година како директни учесници во конфликтот.

Сегашниот директор на ЦУК, а тогашен командант на САЕ Тигар, Стојанче Ангелов, во “Тешки муабети” истакна дека македонските сили биле апсолутно надмоќни и дека УЧК немала никакви шанси за победа во 2001 година.

– Ние во 2001 година бевме надмоќни имавме минофрлачи, борбени хеликоптери, бомби, пушки, борени авиони, немаа теоретски шанси. Во ниеден случај не можеа да не победат, ама се поставува друго прашање, дали ние ќе ги победевме?

Албанците ќе останеа таму да живеат и да го исчистевме селото, Македонија е на сите не само на Македонците. Учествував во чистењето на Селце, кое е етнички целосно албанско село.

Ние бевме надмоќни, победивме секаде, во 2001 година изгубија политичарите. Потпишувањето на Рамковниот договор им падна тешко и на Бошковски и на Георгиевски, но бевме добро притиснати (од странство). – вели Ангелов.

Некогаш во Македонија ќе мора да се изучува конфликтот од 2001 година, не може нашите деца да се срамат затоа што нивните татковци загинале, вели во интервју за Инфомакс, Надица Мирчовска, бранител од 2001 година и сопруга на починат командант на воената полиција.

– Нема институција од која не е побарано, дали за именување улици, дали за сопоменици, дали да се учи за војната, просто секаде вратите беа затворени. Ниту една институција не собра храброст да каже добро, ќе дојде време. Историјата ќе дси го покаже своето и конфликтот кога тогаш ќе мора генерациите да го учат, а не нашите деца да се сранат да кажат дека нивните татковци погинале.

Замислете, моите деца кога тргнаа прво одделение, ми иде детето од школо и вика “ми рекоа децата дека мојот татко бил лош, затоа го утепале”.

Прво, родителите, домашната култура, воспитанието треба да биде на ниво, вели Надица.

Конфликтот во 2001 година остана како една од најголемите болки во поновата македонска историја, нешто што не смее да се заборави за да не се повтори.

Вечна им слава на македонските херои, меѓу кои имаше припадници на сите етнички заедници, кои го положија животот за најсветото, за слободна, самостојна и суверена Македонија!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…

Путин: САД го креираа украинскиот конфликт

Рускиот претседател го обвини Вашингтон за организатор…

Ги врзаа за столб и ги разнесоа…

Не станува збор за злосторство на терористичката…

22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен…

Пред дваесет и две години на денешен…

Борел: Конфликтот во Украина предизвика дополнителна поделба…

Конфликтот во Украина го зајакна НАТО, но…