Скопјанец грабнат, држен и малтретиран од неколку лица

t

Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против С.Ч. (42) и Р.Г. (40) од Скопје, поради физички напад и закана со пиштол кон друго лице.

Како што информираат од МВР, на 12 март, по претходен телефонски разговор, на подрачјето на Гази Баба, С.Ч. се сретнал со М.С.(46) од Скопје, по што физички го нападнал и со закана со пиштол го принудил да влезат во неговото возило, по што отишле во продажен објект на подрачје на Гази Баба, каде што бил Р.Г. и уште две женски лица.

Тие одреден период го држеле во објектот, при што С.Ч. го удрил М.С. со пиштолот.

Од МВР соопштија дека пријавените истиот ден биле приведени во полициска станица, а од С.Ч. бил одземен пиштолот.

Фото: илустрација

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Тие не заслужиле да се изнајми приватен…

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…