Притвор за две лица фатени со дрога – удриле во полициско возило и прегазиле полицаец
Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22, додека за едното од нив и за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ според член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што информираат денеска од Јавното обвинителство, на 14 март, на локалниот пат од селото Ѓермо кон Тетово, полициски службеници запреле автомобил во кој биле двајцата осомничени.
Во момент кога полицајците се обиделе да извршат контрола на возилото, возачот го ставил автомобилот во погон и почнал да се движи наназад за да избега. Полициските службеници го попречиле и забележале како совозачот од прозорецот фрлил наркотична дрога – марихуана за која подоцна е утврдено дека е со нето маса од 30,96 грама.
-Еден од полициските службеници успеал да ја отвори возачката врата и му дал наредба на возачот да го изгаси автомобилот, но тој повторно тргнал напред и со задното тркало поминал преку нозете на полицаецот кој се здобил со телесни повреди. Автомобилот во кој биле осомничените удрил во полициското возило и запрел, а двајцата осомничени биле лишени од слобода, се наведува во соопштението од ЈО.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Предлогот е прифатен и судијата со решение им определи притвор во траење од по 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…