Анкета: Половина од Американците сметаат дека истрагата против Трамп е политички мотивирана
– Околу половина од Американците веруваат дека кривичната истрага против поранешниот претседател Доналд Трамп е политички мотивирана, но големо мнозинство, исто така, веруваат дека наводите се веродостојни, според најновото истражување на јавното мислење.
Дводневната анкета на Ипсос за Ројтерс, покажа дека 54 проценти од испитаниците – вклучувајќи 80 проценти од републиканците на Трамп и 32 проценти од демократите – веруваат дека политиката стои зад случајот што треба да го сослуша големата порота на Менхетен.
Седумдесет проценти од испитаниците, вклучително и половина од републиканците, рекле дека го сметаат за веродостојно тврдењето дека Трамп и платил на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс за време на неговата претседателска кампања во 2016 година за да молчи за нивниот наводен сексуален контакт.
Околу 62 отсто од испитаниците, вклучително и една третина од републиканците, рекле дека исто така веруваат дека Трамп фалсификувал деловни досиеја и извршил измама.
Анкетата е во време кога Трамп бара од Републиканската партија повторно да го номинира за Белата куќа во 2024 година. Ниту еден американски претседател досега не се соочил со кривични обвиненија на суд.
Трамп, кој се соочува со потенцијално тешка конкуренција во неговата трета кандидатура за републиканска номинација, негираше дека некогаш имал афера со Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…