Пак почнаа… Повторно дојави за бомби во повеќе училишта во Скопје

t

Повторно закани за бомби во неколку училишта во Скопје. Според информациите, дојави за експлозивни направи има во гимназијата „Никола Карев“, средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ и уште неколку, дознава „Локално“ од загрижени родители.

Од почетокот на месецот има нови насоки и протоколи кога се работи за ваквите дојави за бомби, односно тимовите на МВР да проверуваат и бидат сигурни дека се лажни, а наставата да продолжи.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека од кога се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, имало само две дојави.

Претходно, МОН им укажа на основните и средните училиштата во општините насоки и начини на користење електронски адреси, да ја зајакнат контролата за влез/излез на училиштата, во деновите кога има заканувачка дојава, училиштето да организира учење на далечина (онлајн-настава) наместо целосен прекин (распуштање) на наставата.

Чекаме официјална потврда од МВР за ваквите закани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата…

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше…

Каевски: Ги отфрлам сите обвинувања, убеден сум…

Дарко Каевски се огласи на својот профил…

Инфлацијата во Еврозоната изнесува 2,4% во април

Инфлацијата во еврозоната се задржа на 2,4…

На денешен ден војниците на Црвената Армија…

На денешен ден, 30 април 1945 година,…