Полицијата уапси повеќе дилери во Скопје – пронајде марихуана и прашкаста материја

t

На 25.03.2023 во 00.00 часот на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така во 02.50 часот на подрачје на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Ѓ.(23) од с.Волково, скопско и Т.К. од Р.Хрватска затоа што кај М.Ѓ. била пронајдена и одземена прашкаста материја, а кај Т.К. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утрово во 01.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ќ.(30) од с. Сарај, скопско затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 20.20 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крмов од Македонска Каменица: Посебен закон за…

Денес, Носителот на листата на Левица во…

Почувствуван земјотрес во скопското епицентрално подрачје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на…

Си Џинпинг ќе ја посети Србија на…

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во…

ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на Плачковица

Во спасувачка потрага синоќа е пронајдено 66-годишно…