Објавено на:

НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО МУЗЕЈОТ ЛУВР: Демонстрантите го блокираа влезот, немаат милост ни за туристите кои дошле од далеку

t

Локалните медиуми пишуваат дека пред музејот има редица разочарани туристи, кои негодуваат бидејќи, некои од нив, со деца од странски земји допатувале за да ја видат богатата колекција на Лувр.

Синдикалните демонстранти, огорчени од потегот на францускиот претседател Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање на Франција без гласање во парламентот, денеска го блокираа влезот на парискиот музеј Лувр, фрустрирајќи голем број посетители.

Помал број демонстранти се собраа пред стаклената пирамида на Лувр и мирно демонстрираа против планот повеќето Французи да се натераат да работат до 64 години за да се балансира пензискиот буџет. „Пензионирајте се на 60 години – работете помалку за да живеете подолго“, пишуваше на еден транспарент.

Локалните медиуми пишуваат дека пред музејот има редица разочарани туристи, кои негодуваат бидејќи, некои од нив, со деца од странски земји допатувале за да ја видат богатата колекција на Лувр.

Протестот се случи еден ден пред 10-тиот круг на национални штрајкови и улични маршеви, повремено придружени со насилство.

Во одделен случај, париската полиција објави дека спроведува операција за спречување на неовластени собири пред Центарот Помпиду, уште еден историски музеј во Париз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот…

Ахмети: Ќе ја запечатиме победата на 8…

Лидерот на ДУИ побара од граѓаните поддршка…

Во центарот на Куманово откриен мурал со…

Мурал посветен на Бобан Трајковски, еден од…

Таткото на Ѓоковиќ итно пренесен во болница…

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер…