Објавено на:

(Видео) Не излегувајте од дома: Пожар избувна во фабрика за хемиски растворувачи во Италија

t

Голем пожар денеска изби во фабрика за преработка на хемиски растворувачи во градот Новара на северот на Италија.

Локалните власти им забранија на граѓаните да не отвораат прозорци и да не ги напуштаат домовите доколку тоа е неопходно, а на училиштата кои имаа настава да не ги отвораат прозорците.

Станува збор за фабрика на хемиската компанија „Ками“.

По неколку часа борба, пожарникарите успеаја да го изгаснат огнот, а италијанските медиуми објавија дека голем црн облак се движи во правец кон Ломбардија.

Според очевидци, се слушнале и експлозии, а целата индустриска зона била евакуирана.

Засега нема информации дали има загинати или повредени лица.

Во продолжение, погледнете го видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) АТЕНТАТОРОТ НА СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР: Пукав зошто…

На социјалните мрежи е објавено видео на…

(Видео) Палевски со необележан полициски конвој од…

Љупчо Палевски со необележан полициски конвој под…

Мицкоски го осуди нападот врз словачкиот премиер,…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најстрого го…

Министер за одбрана на Словачка: Состојбата на…

Словачката влада одржа прес-конференција за нападот врз…

(Фото) Ова е првата фотографија од Палевски…

Вечерва првоосомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски…