Објавено на:

ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО СКОПСКО ЛИСИЧЕ – Меѓу повредените и малолетници

t

Петмина повредeни, од кои еден со тешки повреди, завршиле на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје по сообраќајна незгода која се случила во скопската насела Лисиче.

Како што соопштуваат од Министерство за внатрешни работи, во сообраќајката учествувале два автомобили, при што во едниот е повреден возачот, а во другиот со повреди се здобиле сите четворица меѓу кои и малолетници.

– На 31.03.2023 околу 06.55 часот на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Лисец“ во населба Горно Лисиче, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од А.К.(24) од Скопје и патничко возило „фиат“, управувано од С.К.(33) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата возачот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.К. и неговите сопатнички М.К.(31) и две малолетни женски лица, сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје – се наведува во извештајот на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…