СООБРАЌАЈКА кај Групчин: ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ!
Вчера попладне на автопатот Скопје–Тетово се случила тешка сообраќајна несреќа во која има тројца повредени. Имено, несреќата се случила кога возило со кичевски таблички удрило во друго кое било запрено крај патот.
– Во 16:50 часот во СВР тетово било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, пред клучка Групчин, патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(46) од с.Србица, Кичевско, удрил во запрено патничко возило „пежо 208“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил возачот З.Ф.(52) од Струга и сопатникот З.Ф.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „пежо“, З.Ф., додека двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, велат од МВР.
Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
36-годишна жена почина во амбуланта во Кадино
36-годишна жена починала во амбуланта во скопско Кадино. …
Тошковски не знае дали има утврден случај…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели…
Јакимовски: Балтазар премиерот мислел, мислел и смислил,…
*Објава на Фејсбук на градоначалникот на Карпош,…
Тешка сообраќајка во Кичево: 17-годишен мотоциклист почина…
На 04.07.2025 година во 15:26 часот, на…
Украинците погодиле важен руски аеродром, снимен моментот…
Украинските специјални сили извршија напад врз рускиот…