Бебе починало во стомакот на родилка во битолската гинекологија
ебе вчера починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена. Кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето, но му немало спас, дознава „Независен“ од болнички извори.
Директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски, во порака го потврдува случајот за „Независен“ , но не дава детали, туку само кажа дека денеска во 14 часот министерот за здравство д-р Фатмир Меџити доаѓа во посета на болницата.
Битолското обвинителство засега нема информација за случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…
Коцевски требаше да ги гони и своите…
Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…
Бела куќа: Иран би можел да произведе…
Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…