„Поскоро ќе умрам, отколку да предадам нешто“: 92 години од смртта на Дончо Штипјанчето – Симболот на народниот непокор!

t

На денешен ден, 15 април во 1931 година почина симболот на народниот непокор, курирот на Гоце Делчев, Андон Стојанов Тошев, познат како Дончо Штипјанчето.

Тој е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и деец на Македонската револуционерна организација

Андон Стојанов Тошев е роден во светиниколското село Ерџелија на 20 јуни 1867. Веднаш потоа, неговото семејство се преселило во Штип. Тошеви биле сиромашни, па кога Дончо пораснал, почнал да се занимава со транспорт на ориз и друга храна, но и да пренесува писма и пратки до други градови. Бил мирен и чесен човек, секогаш прецизен со пратките, па за кратко време стекнал доверба кај луѓето, а посебно кај Гоце Делчев, на кого му станал најверен таен курир.

Учел шест години во бугарско егзархиско училиште во Штип, а потоа изучувал занат и од 14 години почнал да работи како кожар по селата. Тој активно учествувал во штипското егзархиско читалиште Дејателност каде се запознал со животите и делата на Васил Левски, Христо Ботев и други бугарски револуционери. Некаде околу 1888 година се оженил со Катерина(1863-1958).Таа била ќерка на иконом поп Апостол Поликарев(поп Паликарија) штипскиот делегат кој ја претставувал Ќустендилската епархија на Првиот Црковно-народен собор на Бугарската егзархија во 1871 година.

Неговата ќерка сведочи за неговата дејност:

„Еднаш мајка ми не се стрпила и го прашала татко ми. Синоќа кога растовараше, нешто тропаше во вреќите, како кадилници да беа? Е, кадилници, кадилници, ти не зборувај многу меѓу народот“, напишала Елена Тошева Рашенова во своите сведоштва за семејството.

„Заедно со бомбите, кои биле непознато оружје за тогашната османлиска војска, имало и весници кои требало да се однесат за Прилеп и писмо за Аврам од Битола, потпишано од Гоце Делчев. Наредбата била ако товарот биде откриен, писмото да се уништи, а курирот да ги напушти коњите и да избега. Наредниот ден, Дончо вечерта ја поминал во Кавадарци, а по престојот во Прилеп, заминал за Битола“, стои во книгата „Дончо Штипјанчето“.

Ќерката на Дончо раскажува дека пред Битола тој налетал на една стражарница, каде турските аскери ги проверувале сите товари. Дончо го искинал писмото, еден дел голтнал, но при проверката на товарот со ориз бомбите биле откриени. Не успеал да побегне, па бил затворен и мачен. Но, Дончо никого не предал, само велел дека не знае ништо за бомбите, дека тој само носел ориз од Кочанско. А, тоа железо внатре му било подметнато од некого.

Веста дека Доне е фатен со бомбите во оризот, брзо се разнела, како во Битола, така и низ цела Македонија. Од уста на уста се пренесувало:

„ Фатен е курирот на Организацијата. Тој насекаде разнесуваше писма и оружје, ја знае целата мрежа и ги познава луѓето што дале клетва за верност. Ако проговори, Организацијата е загубено. Ќе ги фатат и убијат најверните луѓе. “


Еден од челните луѓе на Битолскиот револуционерен комитет, Глигор Попев раскажува дека, кога разбрал дека Доне бил фатен од властите, тој го известил Петар Попарсов, па морале да сокријат се што е сомнително. Но, тој вели:

„ …штом дотогаш не бев уапсен, Доне не издал ништо. “

Дончо бил осуден на 101 година, но подоцна казната му била намалена на 15 години. По Грчко-турската војна во 1897, политичките затвореници биле амнестирани, па така и Дончо порано излегол од затвор. Дончо во народот станал симбол на народниот непокор и синоним на револуционерната тврдокорност. Битолчани по овој настан ја испеале песната „Ми товарил калеш Дончо“.

Во своите “Спомени” Ѓорче Петров додава:

„ Доне си создаде име во организацијата како прататко на тврдоста при најголемите страдања. Така се создаде традиција, еден дух да не се искажува, да не се издава ништо… “


Неговиот подвиг бил опеан од Пејо Јаворов со кого имале и лично познанство, како и од Димитар Талев кој црпел сведоштва од жена му Катерина, а херојството на Дончо е воспеано од битолчани во позната револуционерна песна Ми товарил калеш Дончо:

Го фрлија калеш Дончо
Во темни занадани,
Го мачеја пусти Турци
Во тесни долапи…


Дончо во битолскиот затвор се нашол со организациските луѓе Јордан Гавазов и Стојан Лазов, а заедно го нападнале просрпскиот настроен Мицко Крстевски кои 4 пати бил прободен со нож, а Дончо поради тоа се нашол нови три месеци во ‘долапот’ со димензии метар на метар на метар и 50, каде што бил затворен и првите 6 месеци. Од влажните мувлосани долапи во кои бил окован успеал да испрати писмо до Организацијата во кое се вели:

„ Поскоро ќе умрам, отколку да предадам нешто “

Откако се вратил во Штип, Дончо и неговото семејство постојано биле под притисок на властите, па скришно пребегал во Ќустендил, каде што подоцна дошла и неговата жена со децата. Последиците од тешкото мачење во затворот придонеле Дончо да се разболи и починал во 1931.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…