МВР на Србија потврди: Убиени осум деца во пукотница во ОУ во Белград
Осум ученици и чувар загинаа во основно училиште во Белград откако 14-годишно момче пукало со огнено оружје. Шест ученици и еден наставник се тешко повредени, соопшти МВР на Србија.
Повредените се хоспитализирани. Меѓу нив има и во тешка здраветвена состојба.
„Во училишниот двор е пронајден и приведен ученикот од ова училиште К.К.(2009), кој е осомничен дека го сторил ова дело. Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околностите што довеле до оваа трагедија“, се наведува во соопштението на белградската поиција
Во Владата на Србија во 13 часот и 15 минути ќе се одржи вонредна прес-конференција по повод трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“. На прес-конференцијата ќе се обратат министерот за образование на Србиоја, Бранко Ружиќ, министерката за здравство Даница Грујичиќ и претставник од МВР на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…