Секое седмо дете во земјава било жртва на врсничко насилство

t

Дури 14 отсто од децата потврдуваат дека биле жртви на врсничко насилство, или булинг, и тоа подолг временски период, а околу 25 до 30 отсто од средношколците вршат одредено врсничко насилство спрема свои врсници, вели Лазар Нанев, претседател на државниот Совет за превентива против малолетничка деликвенција.

Околу 25 до 30 отсто од средношколците вршат одредено врсничко насилство спрема нивни врсници, покажува анализа на невладиниот сектор направена минатата година во земјава, вели професор доктор Лазар Нанев, претседател на Основниот суд Кавадарци и претседател на државниот Совет за превентива против малолетничка деликвенција.

– Според таа загрижувачка анализа, дури 14 отсто од децата потврдуваат дека биле жртви на врсничко насилство, или булинг, и тоа подолг временски период. Врсничкото насилство е тема на која во изминатиот период ѝ се посветува внимание, од страна на правници, психолози, педагози, особено невладиниот сектор. Ова насилство настанува како резултат на искривување на вредностите во општеството. Децата сторители на ваков вид насилство обично сакаат да привлечат внимание. Најпрвин имаше само вербално и физичко врсничко насилство, со исмевање, но сега има и психичко насилство со закани, насилство преку социјални мрежи. Тоа врсничко насилство, ако не се препознае и спречи, трае додека жртвата на булингот не се јави со соодветна реакција. Понекогаш, таа реакција може да биде сериозна, како и самиот булинг. Затоа е неопходно да се делува превентивно во семејствата, училиштата, да се препознава евентуалното врсничко насилство и навреме да се реагира – појаснува Нанев.

Тој додава дека жртвите на врсничко насилство најчесто чувствуваат загрозеност и срам и се повлекуваат. Многу често не биле навреме препознаени, сè додека проблемот не ја надмине црвената линија. Нанев нагласува дека на решавање на проблемите со врсничкото насилство, мора да има еден стратешки пристап.

– Мора да работи стручната фела преку едукативни програми. Брзо и ефикасно да се препознае врсничкото насилство од кадарот во училиштата и соодветно да се делува. Родителите, пак, да обрнат поголемо внимание околу тоа како се однесуваат нивните деца – вели тој.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…