Објавено на:

Приведени се две лица за диво градење кај поликлиниката Бит Пазар, информираше Спасовски

t

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска соопшти дека две лица се приведени во врска со обидот за узурпација и диво градење зад поликлиниката Бит Пазар.

Како што рече Спасовски, случајот бил пријавен синоќа, по 19 часот, а полицијата веднаш реагирала. По наредба на јавен обвинител одеземена е градежната машина, а кривичната пријава против двете лица веќе се процесуира и ќе оди по брза постапка.

Министерот порача дека никој не смее да узурпира никакво земјиште и никаква сопственост, независно дали е приватна или државна.

-Има таков настан кој по 19 часот синоќа се случил. Тоа, би рекол, е обид за узурпација и градба. Никој не може да ја нарушува сопственоста, независно дали се работи за државна или приватна. Пријавено е во полиција, излезено е на лице место, приведени се две лица од Скопје и притоа е известен јавниот обвинител по чија наредба е одеземна градежната машина. Во текот на денешниот ден се процесуира кривичната пријава и ќе оди по брза постапка. Лицата ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, рече Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по дефилето „Јас внимавам и безбедно возам“.

Според него, очигледно е дека со рушење на дел од оградата, лицата сакале да узурпираат градежно земјите.

-Затоа се покренува кривична постапка за две дела: узурпација и нелегална градба. Полицијата изреагира веднаш и одземена е градежната машина. Ова е силна порака од државата дека никој не смее да узурпира никакво земјиште и никаква сопственост. Ирелевантно кој е, кој сака нека биде, тоа не може да го прави и ќе сноси одговорност – потенцираше Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини…

Бројот на починати во државата во изминатата…

(Видео) Надреални сцени од Белата куќа, Трамп…

Неколку играчи на Јувентус, заедно со тренерот…

(Видео) Арсовска: Вики, не глуми, какво поткровје…

Ова е објава за читање за сите…

Американски разузнувач: Супербомбата на Пентагон можеби е…

Поранешниот американски разузнавачки службеник, Метју Шумејкер, предупредува…

Цеца овој пат спиела: Двајца прилепчани фрлиле…

Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца…